Мисија за спас на Земјата од астероиди – НАСА со ракета ќе гаѓа астероид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

НАСА започна со тестирање на технологија која би можела да се користи за спас на Земјата од опасен астероид.

Имено, американската агенција го лансираше вселенското летало „Дарт“, кое треба да удри во предмет наречен Диморфос, со цел да се документираат промените на брзината и патеката на неговото движење.

Планот е роботското вселенско летало „Дарт“, во наредниот актомври да удри во Диморфос со брзина од 24.100 километри на час за минимално да ја смени траекторијата на тоа небесно тело.

Целта е да се тестира планетарен одбранбен систем кој би можел да спречи несреќа каква што им се случила на диносаурусите, обезбедувајќи ги првите вистински податоци за тоа што би било потребно за да се одврати астероидот што потенцијално би можел да предизвика армагедон.

Ако само мало парче космички отпад со големина од неколку стотини метри се судри со нашата планета, тоа би предизвикало уништување на цел континент. Предмети со големина на Диморфос, кој е широк 160 метри, би можеле да експлодираат со енергија на типична нуклеарна бомба, а оние поголеми од еден километар би можеле да влијаат врз целиот свет.

Нашата планета постојано е „бомбардирана“ со мали парчиња отпад, но обично тие горат или се распаѓаат долго пред да удрат на Земјата. Но, одвреме-навреме се случува да се појави нешто доволно големо за да направи значителна штета ако удри на Земјата. Се смета дека еден таков удар, пред околу 66 милиони години, била причина за уништување на диносаурусите, исфрлајќи огромни количества прашина и отпад во горната атмосфера, што го заматило Сонцето и предизвикало колапс во синџирите на исхрана. Еден ден нешто слично би можело да ни се случи и нам, освен ако не најдеме начин да се справиме со него.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи