Османи: По идентификацијата на телата на загинатите државата ќе организира пренесување на останките

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Се очекува обдукцијата на телата на загинатите во автобуската несреќа да заврши до крајот на денот, а идентификацијата до крајот на неделата по што државата ќе организира пренесување на останките во Скопје, изјави за дописникот на МИА во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој кажа дека во постапките за обдукција се вклучени и експертите од Институтот за судска медицина од Скопје, кои од вчера се наоѓаат во Софија.

„Јас штотуку се слушнав со професорите кои се дојдени во Софија. Информиран сум дека се тие веќе дел од процесот, веќе се во сала таму каде што се прават обдукциите и се очекува дека можеби и во текот на денот таа фаза од процесот да заврши, но сепак, идентификацијата на телата преку ДНК може да одземе неколку денови, дури и до крајот на неделата, што значи дека дури тогаш ќе може државата организирано да ги пренесе телата во Скопје. Со ова сакам да упатам порака дo семејствата кои се тука во Софија дека тој процес ќе го организира државата во моментот откако ќе се заврши идентификацијата, а тоа може да одземе неколку дена и затоа бараме разбирање за да се вратат во Скопје, а ние тука ќе продолжиме со организација од сите аспекти за еден достоинствен транспорт на останките во Скопје“, рече Османи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи