Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита? – СЗО објави извештај за Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Луѓето во Македонија имаат зголемен пристап до јавно финансирана здравствена заштита, но катастрофалните трошоци за здравствена заштита остануваат предизвик, открива новиот извештај на СЗО/Европа објавен денеска.

Извештајот „Дали луѓето можат да си дозволат да платат за здравствена заштита? Нови докази за финансиската заштита во Македонија”  испитува до кој степен луѓето во Македонија се соочуваат со финансиски тешкотии кога користат здравствени услуги.

Во 2018 година, над 6 % од домаќинствата во Македонија имале катастрофални трошоци за здравствена заштита (големи приватни плаќања мерено според капацитетот на домаќинството да плати за здравствена заштита). Извештајот покажува дека катастрофалните трошоци најмногу ги погодуваат посиромашните луѓе и домаќинствата со постари членови. Тие се должат главно на приватни плаќања за лекови.

Новиот извештај дава серија препораки за подобрување на пристапот до здравствена заштита и финансиската заштита:

  1. Да се опфати целото население со прекинување на врската помеѓу правото на здравствена заштита и плаќањето придонеси за здравствено осигурување, така што пристапот до здравствена заштита повеќе нема да зависи од здравственото осигурување;
  2. Да се направат лековите подостапни за луѓето преку стратешки набавки, редовно ажурирање на позитивната листа, ослободување на повеќе луѓе со ниски приходи од кориснички трошоци (партиципација) и проширување на годишното ограничување на партиципацијата на сите видови партиципација и
  3. Да се отстранат причините за неформални плаќања, почнувајќи со подобро следење на нивната улога и големина.

Во извештајот се заклучува дека овие промени ќе треба да бидат поткрепени со повисоки јавни расходи за здравствена заштита и со внимателна употреба на новите ресурси за да се исполнат целите за правичност и ефикасност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи