Постои можност уште едно лице да ја преживеало трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Постои можност да има уште еден – осми преживеан во трагичната автбуска несреќа на автопатот „Струма“, рече портпаролката на бугарското Обвинителство Сијка Милева на денешната прес-конференција  на бугарскиот главен обвинител и негови истражители.

Во остатоците од автобусот се пронајдени 44 тела.Тие велат дека добиле информација дека во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат седум лица. Затоа е нејасно каде е уште еден патник кој бил регистриран дека е во автобусот.

„Разговарав со момчето кое го скрши стаклото во задниот дел од автобусот, тој ми рече дека се спасиле осум патници. Прашав, нели се седум. Рече, не, точно изброив, осум бевме спасени. Ние изборивме 44 тела на загинати патници. Загатка е каде е едно лице“,вели Милева.

Во болницата се седум повредени патници, четири мажи и три жени, тела на починати лица има 44. Според списокот на патници, имало вкупно 52 лица. Останува таа енигма дали имало уште еден патник или не, рече Милева.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи