„Господар на прстените“ ќе се снима во Англија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Втората сезона на ТВ-серијата „Господар на прстените“ на „Амазон“, наместо на Нов Зеланд ќе се снима во Обединетото Кралство. Како што објави „Варајети“, повикувајќи се на свои извори, стрим-сервисот веќе ги одредил првите места за снимање – во околината на Лондон.

Неименуван извор за порталот забележува дека потегот на „Амазон“ бил „многу разочарувачки“ за филмската индустрија на Нов Зеланд. На крајот на краиштата, сите слични филмски адаптации на Џон Р.Р. Толкин беа снимени во оваа земја.

Според наводите, филмското студио „Бреј“ и аеродромот „Бовингтон“ ќе бидат првите места што ќе се користат за снимањето. Подготовките за втората сезона на „Господарот на прстените“ ќе почнат пролетта 2022 година. Претходно оваа година, „Амазон“ потврди дека првата сезона ќе се прикажува на стрим-платформата од 2 септември следната година. Иако приказната се чува во тајност, засега е познато дека дејството на серијата ќе се одвива неколку илјадалетија пред настаните во „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ на Толкин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи