Двајцата возачи не биле вработени во „Беса Транс“, а на едниот му истекол сертификатот за возач

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека едниот од возачите на автобусот на „Беса транс“, не бил вработен во компанијата и имал сертификат со важност до ноември 2023 година, а другиот возач  не бил вработен во ниту една фирма за да ја врши таа дејност и му бил истечен сертификатот во деветти месец 2020 година.

Воедно, Бочварски истакна дека во Македонија има застој во полагањето за сертификати за возачи.

„Од март оваа година има застој во полагањето за сертификати за возачи. Овие неколку месеци има околу 1.500 возачи на кои што им истекол сертификатот и треба повторно да полагаат за да го продолжат“, рече Бочварски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи