Маричиќ: Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ ќе има негативно влијание не само врз Македонија, туку до целиот регион

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


За време на работната посета на Брисел ја пренесов порака дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската унија ќе има негативно влијание не само врз Македонија, туку врз целиот регион, напиша утрово на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.

„На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји повторив дека сите реформи кои беа побарани од нас како држава за почеток на преговорите се спроведени, вклучително и оние во правосудството“, пишува Маричиќ.

Исто така, министерот одржал работен состанок со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

„Во Европската комисија одржав работен состанок и со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс на кој му ги претставив реформите кои во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото. Се сложивме дека е потребно темпото на реформи да се задржи, а отворањето на преговорите со ЕУ ќе биде само дополнителен катализатор на истите“, додава Маричиќ.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи