МОН: Договори за ученички и студентски стипендии ќе може да се доставуваат и утре

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за образование и наука (MOН) ги известува сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување на стипендии за учебната/академската 2021-2022 година дека писарницата во рамки на институцијата ќе работи и во текот на утрешниот ден, сабота 27.11.2021 од 09:00 до 16:00 часот и ќе можат да се доставуваат потребните документи.

Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија, имаат обврска од веб страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достават до министерството.

Резултатите од конкурсите за доделување на ученички стипендии, заедно со инструкции за понатамошно постапување од страна на учениците се објавени ТУКА, додека за студентските стипендии, информации можат да се најдат ОВДЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи