Плажата што ја прослави Ди Каприо повторно се отвора за туристи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Заливот Маја и неговата плажа некогаш беа познати само по неколкуте патници кои овде доаѓаа за да побегнат од утврдената патека на туристите.

Но, по успехот на холивудскиот филм во кој глумеше Леонардо ди Каприо од 2000 година, а базиран на истоимениот роман на Алекс Гарланд, живописното место беше близу пропаѓање, бидејќи откако филмот почна да се прикажува, плажата ја посетуваа и до 5.000 луѓе кои доаѓаа со чамци.

Плажата требаше да биде затворена само четири месеци, но периодот се продолжуваше за да му се овозможи на коралниот гребен да се оправи од оштетувањата. Порај повторното поставување корали, вложени се напори да се спречи ерозија со садење дрвја и трева по должина на плажата.

Три години по затворањето во настојување да се сочуваат коралните гребени од туристичките бродови и ѓубре, најпознатата тајландска плажа на островот Фи Фи, повторно ќе биде отворена на 1 јануари.

Во иднина, на оваа плажа ќе можат да престојуваат само 300 туристи и тоа најмногу еден час меѓу 10 и 16 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи