Почна исплатата на ноемвриските пензии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 илјади денари.

„Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми“, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи