Пронајдено уште едно тело во изгорениот автобус, бројот на жртви е 45 лица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


При дополнителен преглед на македонскиот автобус кој изгоре на автопатот во Бугарија било пронајдено уште едно тело. Со тоа бројот на жртви се искачи на 45. Веста за бугарската НОВА ја потврди заменик главниот обвинител и началник на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Вчера инспекторите рекоа дека се сомневаат дека е исчезнат член на групата.

„Во 21:15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од нив во автобусот пронајдовме 45, а седуммина се во [болницата] „Пирогов“. За жал, нема уште еден спасен“, рече Сарафов.

Тој рече дека истражителот и обвинител испратени во Скопје ќе останат во Македонија до недела. Тие треба во Бугарија да ја донесат документацијата поврзана со изгорениот автобус и примероци од ДНК од роднини на загинатите за да почне идентификација на жртвите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи