Резервоарот за вода во с. Пресил во напредна фаза на изградба

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Изградбата на резервоар за вода во с. Пресил е во напредна фаза. Граѓаните од ова населено место ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет соодветен за нивните потреби.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на увид во работите утврди дека проектот тече непречено.

„Ново си е ново. Стариот резервоар беше мал и со недоволен капацитет. Благодарение на овој проект ставаме крај на проблемите со вода“, изјави Христоски по увидот на терен.

Проектот се имплементира во рамки на „Развој на урбани подрачја и одржлив урбан развој“ на Бирото за регионален развој, а договорот со изведувачот чини 2.122.272 денари.

Изградбата на резервоар за вода е еден од неколкуте тековни проекти во општина Крушево како што се реконструкција на локален пат и изградба на паркинг во град Крушево, изградба на објект на полетувалиштето за параглајдинг и во завршна фаза е изградбата на резрвоар за вода во с. Јакреново.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи