УНИЦЕФ донира опрема за лична заштита во вредност од 340.000 долари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Опрема за лична заштита, вредна 340.000 долари, во која има над 260.000 хируршки маски за една употреба и околу 209.000 висококвалитетни калјачи, донираше УНИЦЕФ во институциите од областа на здравствената грижа, образованието и детската заштита во Северна Македонија.

Донацијата е обезбедена од Глобалното седиште на УНИЦЕФ за снабдување и логистика.

„Мора да продолжиме да се фокусираме на заштита на оние кои се во првите борбени редови, бидејќи токму тие се грижат за сите нас и целосно ги посветија своето време и енергија за да спaсуваат животи, да го чуваат нашето здравје, да ги задржат нашите деца во училиште и да овозможат нашето општество да продолжи да функционира. Ја заслужуваат наша целосна поддршка и благодарност. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите наши партнери, како што е УНИЦЕФ, кои ни помогнаа да ја обезбедиме оваа дополнителна поддршка, и очекувам оваа соработка да продолжи и во иднина“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Донацијата за Министерството за здравство главно ќе се употреби како дополнување на залихите што им се на располагање на институциите за здравствена грижа во целата земја, а дел од донацијата ќе им биде на располагање и на образовните установи и на установите за заштита на децата.

„Со пандемијата на коронавирусот живееме повеќе од 18 месеци и научивме дека КОВИД-19 не е само здравствена криза, туку и криза на информирање и криза на правичност, која имаше социо-економски последици по семејствата и децата. Овозможувањето пристап до суштинските услуги во здравството, образованието и детската заштита мора и понатаму да биде приоритет за да се намали ризикот пандемијата да остави трајни последици по животите на децата. Донацијата е  дополнување на постоечките количини за работниците во првите борбени редови да можат да продолжат да им ја обезбедуваат најквалитетната нега на семејствата и децата“, рече претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Од почетокот на пандемијата УНИЦЕФ го поддржува Министерството за здравство во справувањето со КОВИД со цел да ги амортизира ефектитеврз децата и семејствата. Освен што го поддржува зајакнувањето на здравствениот систем, во рамки на редовната соработка со Министерството за здравство, УНИЦЕФ има донирано респиратори за здравствените установи во вредност од над 215.000 долари и дополнителни количини опрема за лична заштита и КОВИД-тестови.

„Го поддржавме воспоставувањето здравствено советување преку телефон за патронажни сестри и телефон за помош на бремени жени и мајки на новороденчиња, дистрибуиравме хигиенски пакети во најранливите заедници; помогнавме во развојот на стратегијата и материјалите за комуникација на ризик, ја поддржавме психосоцијалната поддршка за децата и семејствата и активности да се зголеми стапката на имунизација“, наведува Канцеларијата во соопштението.

Преку партнерство со Министерството за здравство,  УНИЦЕФ ќе продолжи и да ги поддржува заложбите семејствата да ги добиваат потребните информации за вакцините против КОВИД од сигурни извори за да ја добијат најдобрата заштита.

„Ќе одговориме на прашањата поврзани со менталното здравје и благосостојбата на здравствените работници за да можат и понатаму да ги одржуваат основните услуги и да ги поддржуваат семејствата, ќе работиме на подобрување на санитарните услови, пристапот до вода и одржување на хигиена, како и на заложбите за спречување на инфекции и на подобрување на капацитетите за контрола на инфекции во земјата – особено во училиштата за и понатаму да бидат безбедни и отворени“, информира Канцеларијата.

УНИЦЕФ има 75-годишно искуство во одговор на кризни ситуации и во обезбедување неопходна помош, со глобална мрежа од над 1000 снабдувачи на медицинска опрема, најголем хуманитарен склад на светот, како и силни глобални и локални партнерства и поддржувачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи