Филипче: Секој од нас може да спречи насилство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Секој од нас може да спречи насилство, а жртвите на родово базирано насилство, жени и девојчиња, мора да знаат дека не се сами, порача министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.

„Давам поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ која има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на индивидуалниот, но и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство.

Само заедно можеме да се избориме против молкот и стигмата, но и да обезбедиме поддршка, заштита и сигурна средина која ќе ги охрабри жртвите да проговорат гласно и да кажат не за насилството“, напиша Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи