Хусеини: Неуспешен обид на ДИТ за вонреден инспекциски надзор во „Беса транс“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“.

Директорот Руфат Хусеини за МИА изјавува дека канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени. На службените телефони не успеале да добијат никој од вработените.

„Вчера се упативме во просториите на „Беса транс“, во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција, но нашиот инспектор оттаму не информираше дека и таа е затворена. Не можевме да извршиме вонреден инспекциски надзор“, изјави Хусеини.

Владата на седница го задолжи ДИТ да изврши вонреден инспекциски надзор, со што ќе бидат опфатени надлежностите на Инспекторатот согласно со Законот за превоз во патен сообраќај.

Министерството за транспорт и врски завчера и ја одзеде лиценцата за работа на „Беса транс”, бидејќи за автобусот немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници. Воедно, возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи