ВИДЕО – Започнаа натпреварите на бизнис лигата во пинг понг во Прилеп – организатор клубот „Младост 96“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска во пингпонгарската сала на клубот „Младост 96“  започнаа натпреварите на првата пинг понг бизнис лига во Прилеп. Натпреварите ќе се одржуваат секоја сабота од ноевмри 2021 година до април 2022 година. Во бизнис лигата имаме годинава се пријавени 15 компании од Прилеп, а како генерален спонзор на лигата е „Прилепска пиварница“.

„Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“ е организатор на првата бизнис лига која се одржува во нашиот град. Ова е една нова идеја која ние како клуб ја разработувавме подолго време, но моментот се случи оваа година истата да ја преточиме во реалност. Значи „Младост 96“ со целокупниот потенцијал кој го располага, започнувајќи од тренери и раководството на клубот, дојдоа на идеја да пуштат покани до сите фирми во Прилеп и да направиме едно дружење, разонода, спортски натпревари, кои што ќе донесат некој нов настан и нов имулс во нашиот град. Сето тоа успеваме да го направиме со отпочнување на бизнис лигата во пинг понг токму денеска во салата за пинг понг на „Младост 96“. И сами гледате дека салата е преполна и дека успешно стартува оваа бизнис лига“, вели Златко Рикалоски, организатор на турнирот.

Екипи кои учествуваат се Мермерен Комбинат, Витаминка, Црна Река Петрол, Синдикат на АД МЕПСО, Синдикат на Тутунски Комбинат, Синдикат на театарот, Елмонд, Кебелнет, СЕКЕ, нотар Марковски, Комфи Ангел и други.

„Турнирот поради големата бројност на екипите е поделен на 2 термини. Едниот од 10 часот, а другиот од 12 часот. Се игра секоја сабота, 15 кола, победникот на оваа бизнис лига ќе има едно викенд патување во Црна Гора, каде што ќе има ревијален натпревар со најдобрата екипа од црногорската бизнис лига во пинг понг. Првите 3 екипи ќе добијат пригодни награди како пингпонгарска опрема“, додаде Рикалоски.

Се надевам дека екипите ќе излезат задоволни од оваа наша идеја која ај преточивме во реалност и наредните години турнирот ќе стане традиционален.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи