ВИДЕО – Дете падна во бунар длабок 10 метри во прилепско Галичани – спасителна вежба на ТППЕ Прилеп


Дете падна во бунар длабок 10 метри во прилепското село Галичани. Неговите родители веднаш ја повикале на помош ТППЕ Прилеп и по брзата интервенција на пожарникарите тоа е извлечено од бунарот со помали повреди. Ова беше само една од вежбите на прилепските пожарникари кои тие ги прават почесто. Велат дека освен гаснењето на пожари имаат и по 20 до 30 интервенции годишно каде треба да спасуваат луѓе во вакви или слични ситуации, повредени планинари, параглајдеристи, планиски тркачи и други лица кои најчесто се занимаваат со екстремни спортови.

„Последниот период сме имале неколкку ваккви несреќи во рурурална средина. Еве би го споменал случајот од пред 2 недели кога ја обезбедувавме трката на down hill на Топташ. За 2 дена имавме 2 повреди, едната беше со скршена вилица, а другата со набиеници на пршлените. Дури моравме лицето да го транспортираме во положба во која и го стекнавме, а тоа беше во лежечкка положба на стомак. Така и го транспортиравме бидејќи се наоѓаше на високите ридови на Шаторов камен“, истакна Дарко Неданоски, пожарникар.

Но за жал иако ТППЕ Прилеп има подготвени луѓе за вакви активности нема соодветна опрема. Оваа опрема со која се изведуваше вежбата е приватна. Пожарната има само 3 вакви комплети кои за жал не се атестирани и не се употребуваат. Пожарникарите бараат подобри услови за работа.

„Спремни како одделение и како ТППЕ Прилеп имаме капацитет, но немаме доволно опрема. Се служиме со опрема застарена, но се надеваме дека во иднина ова ќе биде корегирано. Пример за оваа дејност јажињата кои се употребуваат тие имаат можност за одреден број на употребувавња, а не постојано, не може вечно да се користи едно исто. И сега оваа опрема која ја гледате е приватна. Имаме и службена но не е атестирана. Еве и за тоа апел до надлежните таа опрема која што ја имаме да биде атестирана, некој да тврди дека таа е исправна за да не се случат немили настани“, вели Робе Митрески, командир.

 

„Моментално ТППЕ Прилеп трасполага со 3 комплети за спасување. Но тие се како што спомена командирот со поминат атест и тие би можеле да се користат само за вежбовни актиивности. Не значи дека во одредени ситуациии не може да се помогне и со нив, но тоа се ситуации каде имаме контролиран ризик. Секое излегување на терен влегуваме со свесен ризик и навистина е најпотребна психофизичка способност. Тука би можело да се напомене дека се додека личниот интерес е на прво место и не се гледа професионалноста и општото добро на сите граѓани не можеме да одиме напред“, додаде пожарикарот Неданоски.

Оваа показна вежба е само уште еден пример и доказ колку на еден град му се потребни вакви луѓе обучени за спасување во екстремни ситуации кои секојдневно го става својот живот во ризик за да спасат друг. Но исто така е и доказ дека државата и општините треба да вложат максимални напори овие луѓе да ги имаат потребната опрема и услови за работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи