Две лица ограбиле бензинска пумпа во с. Бела Црква – одзеле преку 170.000 денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 29.11.2021 во СВР Битола , Б.П (54)  од с. Обршани пријавил дека околу 01,15 часот во бензиска пумпа лоцирана во с. Бела Црква, Општина Кривогаштани, додека пријавителот бил на своето работно место, две непознати лица влегле во бензиската, едниот со гумена палка другиот со остар предмет во рацете насочен кон пријавителот и го принудиле да ја отвори касата од каде одзеле 5.000 денари, од фиоката од бирото  одзеле 167.850 денари, по што му ги врзале рацете и нозете, му го одзеле мобилниот телефон и клучевите од возилото со кое го напуштиле лице местото во правец кон с. Бучин.

Одземените мобилен телефон и патничкото возило се  пронајдени на регионален пат с,Бучин -с. Света.

Увидот го извршила увидната екипа на ПС Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи