Железницата трупа милионски загуби, а има долгови од минатиот век

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Додека низ Европа граѓаните од еден град, па и од една во друга држава, како најбрз и најевтин превоз ја одбираат железницата, кај нас се помалку патници ги користат возовите, а железничкиот сообраќај се поретко се користи и за транспорт на стоки.

Железницата е неисцрпна тема за новинарски текстови, дебати, партиски ветувања, а деновие прашањето повторно се актуелизира откако машиновозачите одбија да влезат во локомотивите, но и со превозот на јагленот со вагони до најблиската точка до РЕК Битола. Протестот на машиновозачите уште еднаш го постави на маса прашањето за финансиската кондиција на МЖ-транспорт, а прашањето за тоа како да се превезе јагленот што ќе се увезе за термоелектраната,  потсети на тоа како и колку се одржуваат пругите.

Порталот „Пари“ ги анализираше документите што се јавно достапни од двете претпријатија кои ја диктираат судбината на железничкиот превоз во државата – АД Железници – транспорт и ЈП Железници – инфраструктура.

МЖ-ТРАНСПОРТ НЕ ЗАРАБОТУВА ДОВОЛНО НИ ОД ПАТНИЦИТЕ, НИ ОД ФИРМИТЕ

Минатата година АД Железници – транспорт релизирала приход од 18,7 милиони евра. Притоа, патничкиот сообраќај донел околу 7 милиони евра, а товарниот сообраќај речиси 11,5 милиони евра. Но, трошоците биле значително поголеми и претпријатието отишло во загуба околу 7,5 милиони евра. Според бизнис планот за 2021 година, АД Железници -транспорт планира речиси иста толкава загуба и за оваа година! Всушност, секоја година Железница трупа загуби.

Еве какви се финансиските резултати на Железници-транспорт во последниве 5  години:
(Во милиони евра)

Извор: Бизнис планови на МЖ-Инфраструктура, објавени на нивната веб страница

Наспроти овие големи загуби, МЖ-Транспорт има огромни обврски кон странски железници и кон добавувачите. Според нивните податоци, заклучно со 30.11.2020 година доспеаните неплатени обврски изнесувале 58 милиони евра, а дел од нив се од минатиот век!

Кому сѐ му должи МЖ – Транспорт?
(во евра)

ЖЕЛЕЗНИЦИ -ИНФРАСТРУКТУРА ИМА АКУМУЛИРАНА ЗАГУБА ОД 54 МИЛИОНИ ЕВРА!

Во загуба е и Железници -Инфраструктура. Ова јавно претпријатие го објави финасискиот извештај за третиот квартал од годинава и според него, само од 1 јули до 30 септември, Инфраструктура направила загуба од 1,3 милиони евра. Акумулираната загуба на јавното претпријатие, заклучно со 31.12.2020 година е дури 54 милиони евра! Притоа, неизмирените обврски на крајот од минатата година биле речиси 38 милиони евра. За одржувањето и доизградба на железничката инфраструктура , јавното претпријатие има позајмено пари од Светска банка, Европската банка за обнова и развој, но и од Агенцијата за државни патишта. Износот на основицата на овие долгорочни кредити е 198 милиони евра, а пресметаната камата изнесува над 4 милиони евра. Според последните податоци од МЖ-Инфраструктура во тек се инвестиции од 250 милиони евра.

Кликни тука и продолжи со читање на анализата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи