Наградени припадниците на Армијата кои учествуваа во гаснењето на пожарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Припадниците на Армијата кои учествуваа во справувањето со пожарите кои летово ја зафатија Македонија, денеска беа наградени со парични награди и стимулативни мерки.

Со парична награда од 20 илјади денари наградени се 14 лица од воздухопловниот винг при Командата за операции, со 10 илјади денари наградени се 274 лица од Команда за операции, 10 лица од Батаљон на специјални сили и 12 лица од извидувачко – разузнавачки батаљон. Три дена отсуство ќе им следува на 298 лица.

„Секој граѓанин на Македонија сочувствува во оваа тага. Секој припадник на Армијата  кој толку пати досега помогнал да се сочуваат животите на нашите граѓани, да се спречи поголема катастрофа, тагува можеби уште посилно бидејќи во таа трагедија – никој од вас немаше шанса да помогне. Но секогаш кога имавте шанса, таа шанса ја користевте и бевте први во помош кон своите сограѓани“ рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи