Облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, а на некои места се очекува снег

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 6 °C до 10 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места , а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Утре ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч), што ќе предизвика значително намалување на температурата. Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи