Се препорачува подготовка на површините за подигање нови овошни насади

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Врнежите што ја зафатија земјава, најавените ниски температури и очекувањата на првиот снег идната недела, немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Ваквите услови, велат агрометеоролозите, се вообичаени за крајот на ноември и почетокот на декември.   За овој период од годината единствено се препорачува подготовка на површините за подигање нови овошни насади со оглед дека влага во почвата има доволно.

„Исто така, високата релативна влажност во воздухот овозможува оптимални услови за примарната манипулација на тутунот во домашни услови“, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, периодот без врнежи завршува, а со тоа и времето кое беше оптималното за изведување на есенската сеидба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи