Бројот на склучени бракови во третото тримесечје од 2021 е за 11.7 % зголемен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11.7 % зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4 398 бракови, додека според податоците на Државниот завод за статитика, добиени се 480 извештаи за разводите.
Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.8 % и изнесува 5 065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи  зголемување од 30.7 % во споредба со истото тримесечје од 2020  година и изнесува 7 209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението во Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи