ЕУ едукација – Колку сме блиску или далеку од европските пари во земјоделството?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 29-ти и 30-ти ноември, 2021 година Рурална Коалиција одржа дводневна онлајн обука на тема: ЕУ Поглавје 11 и предизвици и можности за македонското земјоделство. Целта на обуката е да се дадат одговори на најчесто поставуваните прашања кои што се поврзани со Заедничката Земјоделска Политика, ЕУ пазарот, Поглавје 11 кое што се однесува токму на секторот земјоделство и рурален развој, но исто така и да дознаеме кои се обврските или задолженијата кои што ќе треба да ги исполниме за да се доближиме до европското земјоделство.

Горанчо Томески, како советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, истакна дека нашата држава, како и земјоделскиот сектор веќе сериозно работат на планот на доближување на македонското земјоделство до европското, па така активно веќе неколку години се води Мрежата за прибирање на сметководствени податоци за фармите кај нас или т.н. Farm register (FADN), но тука е и ИПАРД програмата која што исто така значи подготвителен период за европските фондови кои што за македонското земјоделство ќе се отвораат постепено со самиот старт, односно отпочнување на преговорите со Европската Унија. Дополнително, на обуката пред присутните спомена дека за земјоделците се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи, а со оглед на тоа што 45% од повришната во државата се смета за обработлива, ова ќе претставува уште можност која што ќе стои исправена пред земјоделските производители и сточари. Но, за да сето ова и реално може да се искористи земјоделците ќе треба да го модернизираат сопственото производство и да ја зголемат неговата конкурентност, како истото би било на рамниште со она европското.

Токму поглавјето 11 говори како земјоделците треба да го направат сопственото производство конкурентно, односно самите пристапните преговори во земјоделството се претежно фокусирани на процедурите за идните директни плаќања, поддршка на руралниот развој и потребата од преодни мерки кои ја олеснуваат интеграцијата на земјата во ЕУ, земајќи ги предвид специфичностите на земјоделскиот сектор во државите кандидатки. Поглавјето за Земјоделство и Рурален Развој опфаќа голем број на обврзувачки правила кои се директно применливи. Од тука, за целосно функционирање на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП), потребна е соодветна примена на овие правила и нивно ефикасно спроведување и контрола од страна на ефикасна јавна администрација. Според последниот извештај на Европската комисија, во однос на напредокот на земјата кон ЕУ: ,,Северна Македонија останува умрено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој. Постигнат е одреден напредок во извештајниот период, особено со донесувањето на новата Национална Стратегија за земјоделство и рурален развој и со усогласување на правилата на ЕУ за заедничката организација на пазарот,,.

Она што Република Северна Македонија, треба да го спроведе во периодот кој и претстои, според Извештајот за 2021 година, е:

  • Да го зголеми раздвојувањето на директните плаќања и пренесување на регистарот на земјоделски стопанства и системот за идентификација на земјишни парцели на платежната агенција,
  • Да донесе законодавна рамка за понатамошно усогласување со правото на ЕУ во областа на заедничката организација на пазарот,
  • Да вработи квалификуван перосонал во оперативната структура на ИПАРД според анализа на обем на работа.

Ова само ни упатува на заклучокот дека ЕУ поглавјето за земјоделство и рурален развој бара усогласено и заедничко делување на сите засегнати страни, взаемна едукација и практична имплементација на зададените обврски, а токму во тој дел, како и во делот на давање на стручен, а воедно и реален придонес кон самиот процес на преговори за поглавје 11, како и хоризонталните прашања поврзани со него една од клучните улоги ќе ја има и граѓанскиот сектор, потенцираа за крај од Рурална Коалиција како организатори на оваа дводневна обука. Дополнително, за полесно разбирање на процесите од страна на земјоделците и давање на можност за нивен придонес, Рурална Коалиција изработи и прирачник за поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој кој што е достапен и на веб страницата на Рурална Коалиција во делот за публикации: https://rural.mk/publikacii/.

Автор: Рурална Коалиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи