Машките пингвини со камче ја запросуваат женката

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Пингвините, со својот црно-бел изглед како да носат костум, секогаш изгледаат совршено подготвени да ги импресионираат дамите.

На пингвините Адели (француски истражувач ги именувал така во 1983 година по својата сопруга Адел), им треба и совршеното камче кое ќе биде свршенички прстен.

Овие пингвини живеат на карпести брегови и со мали камења ги градат своите гнезда за време на сезоната на парење. За време на додворувањето, машкиот пингвин го бара најмазното камче да го даде како подарок на женката. Ако на женката ѝ се допадне понудата, таа ќе ја стави во гнездото и двајцата ќе продолжат да го градат својот мал насип со камчиња како подготовка за новороденчињата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи