Шахпаска: Во финална фаза е законско решение за татковско родителско отсуство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го претстави Предлог-граѓанскиот буџет за 2022 година, кој изнесува 50,6 милијарди денари. Наредната година се очекуваат 5.500 семејства нови корисници на гарантирана минимална помош.

Во буџетот, за социјални надоместоци, предвидени се 11,6 милијарди денари за околу 300 илјади корисници.

„Во моментов 35.500 семејства се приматели на гарантирана минимална социјална помош. Обезбедени се средства за исплата на детски додаток кој во моментот го користат 47 илјади деца и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти“, рече Шахпаска.

Таа информира дека во 2022 година ќе се воспостават 5нови специјализирани сервиси за жени жртви на насилство и тоа во Куманово еден, во Кичево и Гостивар по два.

Во буџетот на МТСП предвидени се и средства за намалување на стапката на невработеност, која се реализира преку активни мерки и програми. За таа намена МТСП трансферира 400 милиони денари за Агенцијата за вработување.

Шахпаска соопшти дека е во финална фаза законското решение со кое се воведува татковско родителско отсуство.

„Ова законско решение е во финална фаза со последните консултации коишто ги правиме со социјалните партнери и многу брзо, се надевам до крајот на месецов ќе ја отвориме јавната дебата за траењето и условите на породилното отсуство. Сакам да истакнам дека воведуваме новина. Воведуваме татковско родителско отсуство. Значи, и таткото ќе учествува во грижата за детето во првата година од неговиот живот“, истакна Шахпаска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи