Земјоделските производи на жените од руралните средини претставени и на првиот саем за социјални претпријатија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Рурална Коалиција, веќе година и половина активно работи на унапредување на социо-економската положба на жените од руралните средини кои што беа една од групите на граѓани кои што беа најмногу погодени за време на Ковид пандемијата особено од економски аспект со тоа што голем дел од нивните производи останаа непродадени, а жените уште повеќе економски погодени и финансиски зависни од останатите членови во семејното земјоделско стопанства како никогаш претходно.

 

Но, како што беше и главната порака за време на овој живот во пандемија дека онлајн земјоделство нема, па производството и понатаму продолжи да расте кај жените, а Рурална Коалиција имаше за задача како да го најде пазарот за продажба на земјоделските производи и преработки. Па така, ако нема онлајн земјоделство, има онлајн пазар, има виртуелни тезги има приказни и животни стории на нашите жени од руралните средини.

Рурална Коалиција ја изгради првата онлајн платформа за продажба на земјоделски производи на жени од руралните средини наречена „Наша тезга“, па така производите на „Наша тезга“ стигнаа и до првиот саем на социјални претпријатија во организација на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ кој што се спроведува со поддршка на Европската Унија.

Лешниците на Живка, гравот на Цаци, лутеницата на Данче, фефероните на Добрила, ајварот на Мира, декорацијата на Стевка, како и останатите производи на дури 100 жени од руралните средини имаа можност да ги дегустираат Штефан Худолин, одговорен за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г-динот Фатмир Битиќи,, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска која што особено ја истакна потребата за унапредување на социо-економската состојба на жените од руралните средини.

Промоцијата и лансирањето на првиот рурален женски е-пазар е закажно за 03-ти декември 2021 година, а виртуелните тезги на жените од руралните средини може да ги посетите, а воедно и да ги прочитате нивните животни приказни и традиција на производство на следниот линк: www.nasatezga.mk

Автор : Рурална Коалиција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи