Олеснување на процедурата за производство и продажба на струја кај домаќинствата и субвенции за истото, единствен излез од енергетската криза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Наш соговорник во Инфо Регион е Зоран Митрески, експерт во областа на енергетиката со кого поразговаравме за енергетската криза, кражбите на струја од европската енергетска мрежа, скапиот увоз на електрична енергија и зошто како држава се доведовме до оваа состојба.

Митрески очекува големо зголемување на цената на електричната енергија после 1 јануари, а тоа сигурно би било над 20%.

Според него со оглед на тоа дека најголемиот производител на електрична енергија РЕК Битола треба да го затвориме до 2030 година, единствен  излез од енергетската криза било домаќинствата да започнат со поставување на фотоволтаични панели на своите покриви. Со тие фото панели може да произведуваат струја за своите потреби, а со тоа за електрична енергија повеќе да не плаќаат ниту денар, но исто така и вишокот што ќе го произведат да го продаваат на слободниот пазар, а со тоа и да заработат.

За тоа биле потребни 2 предуслови. Прво наместо странските инвеститори државата да ги субвенционира своите граѓани за поставување на вакви системи на покривите од куќите и второ олеснување на целата процедура за да едно физичко лице може да произведува и продава струја, како и зголемување на законската можност за моќноста на поставените инсталации од сегашните 4 KW на 50KW како што е секаде во регионот. А исто така и за правните лица да биде олеснета бирократската процедура за да добијат дозвола за производители на струја.

Повеќе погледнете од видеото.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи