Семејно насилство – насилнички криминалитет од светски размери

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Семејното насилство претставува повреда на основните човекови права. Оваа појава е универзална, постоела отсекогаш, ја има насекаде и не може да се поврзи само со една нација, етничка група, култура или територија. Овој вид на насилнички криминалитет претставува сериозен општествен проблем, и е еден од најраспространетите облици на насилство. Се појавува во разни облици и видови и остава сериозни и долготрајни последици врз жртвата. Се појавува во разни облици и видови и остава сериозни и долготрајни последици врз жртвата.

Семејното насилство е најраспростанет облик на насилство од светски размери, а Република Северна Македонија не претставува исклучок од оваа разорна криминална појава. Семејството претставува природна и основна единица во општеството а семејното насилство претставува кршење на оваа единица. Злоставувањето може да му се случи на секого без разлика на пол, вера, раса, возраст. Секој член на семејството може да биде и жртва и насилник.

Се појавува во неколку форми и облици, постојат повеќе видови жртви и е предмет на регулација на бројни домашни и меѓународни законски регулативи, конвенции и стратегии. Овие документи ја потенцираат потребата од решавање на основните причини на семејното насилство и да зајакнување на мултисекторските одговори за жртвите на овој вид на насилство. Исто така, придонесуваат и на напорите за застапување како што се кампањите на меѓународните организации, за да се стави крај на семејното насилство. Она што е сигурно е дека е потребно дејствување.

Во справувањето со овој криминалитет потребно е вклучување на повеќе сектори од општествениот живот како што е здравствениот сектор кој има особено важна улога, со оглед на сериозни здравствени ризици со кои се соочуваат жртвите на семејното насилство и нивните семејства. Доста клучен елемент претставуваат директните услуги, како што се услугите за ментално здравје, услуги за решавање на насилството и зголемување на капацитетите за одговор  на семејно насилство. Секако, ниту еден одговор на јавното здравство не е комплетен без превенција.  Семејното насилството може и треба да биде спречено. За да биде спречено потребно е доследно да се применуваат законските одредби.

На прашањето “Кој е одговорен за насилството?“ има само еден јасен и гласен одговор а тоа е: “Насилникот“. Нема изговор за семејно насилство. Насилникот избира да употреби насилство за кое треба да одговара. Тој не мора да користи насилство. Наместо тоа, можи да избери да се однесува ненасилно и да негува однос изграден врз почит, доверба и правичност.Жртвата никогаш не е одговорна за однесувањето на насилникот.

Насилниците честопати ќе ја обвинат жртвата  измислувајќи изговори за нивното однесување. Понекогаш успеваат да ги убедат своите жртви дека тие се виновни, бидејќи со своето однесување го поттикнале однесувањето на насилникот. Обвинувањето на другите, врската, нивното детство, нивното лошо здравје или нивната зависност од алкохол или дрога е начин на насилникот да избегне лична одговорност за своето однесување.

Напуштањето на насилната средина не гарантира дека насилството ќе престане. Многумина се исплашени од насилникот, бидејќи не е невообичаено сторителите да се закануваат дека ќе им наштетат или дури и ќе ги убијат своите партнери или деца доколку заминат. За да направи безбедни промени за себе и за своите деца, жртвата треба да биде поддржана. Поддршката треба да вклучува: финансиска помош, домување, постојана заштита, правна и емоционална поддршка.

Ако жртвата не е сигурна дека овие услуги и се достапни, може да ја спречи да замине.Во Република Северна Македонија семејното насилство се регулира со повеќе законски решенија и тоа: Закон за семејство, Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното  насилствo, Кривичен Закон и Закон за заштита на децата.

Автор: СТАНИЦА П.Е.Т. ПРИЛЕП

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи