Се асфалтира крак од улицата „Јоска Јорданоски“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денеска изврши увид во градежните активности околу асфалтирање на крак од улицата „Јоска Јорданоски“, спроти старата општинска зграда. Наредните денови по завршување со градежни активности на оваа улица ќе се работи улицата „Браќа Ламески“ и дел од „Киро Пајмакоски“.

„Деновиве се започна со реконструкција и рехабилитација на крак од улица „Јоска Јорданоски“, „Киро Пајмакоски„ и „Браќа Ламески“ во должина од 400 метри. Во најскоро време пред снеговите очекуваме дека во функција и сообраќај ќе бидат пуштени улиците од овој дел на градот“, истакна градоначалникот Јовчески.

Вкупната површина на која ќе се постави нов асфалтен слој е 960 м2. На оваа фаза и предходеле зафати околу нивелирање на шахтите. Реконструкцијата и рехабилитацијата на сообраќајниците ќе трае се додека дозволуваат временските услови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи