Високоградбата „изградила“ високи профити и во 2020 година, но пандемијата ѝ изела 2,7 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Пандемијата на почетокот му нанесе удар и на градежништвото, но тоа бележи нагорни резултати од третиот квартал минатата година. Рестрикциите, заболените работници, прекинати синџири во снабдувања, поскапен градежен материјал, како и предвремените парламентарни избори минатата година си го направија своето и во вториот квартал имаше значаен пад на градежништвото, но веќе во третиот квартал оваа гранка имаше раст од 3,4 проценти. Потоа, сите официјални статистики бележат продолжување и забрзан раст на секторот до крајот на годината.  Ноемвриските проекции на Народната банка предвидуваат понатамошна добра иднина за градежниот сектор.

„Се предвидува поизразен раст на инвестициската активност, особено во 2022 година, што се темели на очекувањата за забрзан раст на странската побарувачка, продолжување на градежните работи поврзани со јавните инвестиции во патната инфраструктура, нови инвестиции на државата поврзани со членството во НАТО, повисоки инвестиции на приватните субјекти во резиденцијалниот и енергетскиот сектор и повисок раст на странските директни инвестиции“, информира Народната банка.

Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисMрежа.мк, открива кои компании кои се занимават со високоградба, во текот на минатата година оствариле најголеми приходи, какви се нивните добивки и колку загубиле во однос на 2019 година. Податоците покажуваатдека 10-те ТОП компании по прихоци, од високоградбата направиле вкупне приход од  149 милиони евра, но тоа е  22 милиони евра помалку отколку во 2019 година, кога „собрале“ 127 милиони евра. Овие компании во 2020 година направиле профит од 12.700.000 евра,но претходната година нивниот вкупен профит изнесувал 15.400.000 евра, или пандемијата на најмоќните во секторот „високоградба“ има однела 2.700.000 евра.

Еве кои се најмоќните компании во овој сектор

ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ВО СЕКТОРОТ „ВИСОКОГРАДБА“

Над 90% од компаниите во градежниот сектор, првите месеци по прогласувањето на пандемијата пријавиле откажани или одложени нарачки и договори.  Освен тоа, поради намалениот интензитет на работа во администрацијата, се чувствувала намалена динамика во однос на повици за јавни набавки за капитални инвестиции и тешкотии за обезбедување документи. Намален интерес имало и кај приватните субјекти, поради што имало намалување во продажбата на станови, активностите за реновирање и продажбата на градежни материјали. Според проценките, првиот квартал од 2020 во споредба со минатата година градежните компании бележат околу 30% намалување во приходите.

Градежништвото е сектор од витално значење за македонската економија, особено имајќи предвид дека од градежништвото зависат уште 22 стопански гранки.  Вкупно во градежната индустрија (нискоградба и високоградба)  има околу 30.000 работници. Но, треба да се има предвид дека во текот на градежната сезона бројот на вработени се зголемува и според некои истражувања достигнува и до 58.000 вработени

Целата анализа достапна [ т у к а ]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи