25 дела од Малиот битолски Монамартр во наредните 2 недели ќе бидат изложени во Ликовната галерија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На 3 декември 2021, петок од 12.30, во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“  ќе биде поставена изложбата на дела од Малиот битолски Монамартр. Во наредните две недели ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.

Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност… испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои  пристигнуваа во Битола.

Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.

 „Монмартр живее за децата, а јас живев за нив!“, велеше основачот Коста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи