ВИДЕО – Стерјовска Локвенец: За 4 години Општина Прилеп потрошила 66./468.765 денари за привремени вработувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Друга ставка која остава впечаток при анализата на финансиската документација  на Општина Прилеп е ставката на привремени вработувања. Рекапитулацијата на оваа ставка во период од 2018 до 2021 година е фантастични 66 468 765 денари, истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Комисија за финансирање и буџет.

„Од тука може да се види на кој начин се водела кадровската политика на ниво на нашиот град. Само за споредба, во период од 2013 до 2017 година на оваа ставка биле потрошени само 5 400 000 денари. Она што треба да го знаат граѓаните е тоа што овие високи средства на буџетски пари се на сметка на намалување на средствата за капитални расходи кои можеле да бидат наменети за некои капитални проекти во нашиот град“, вели Стерјовска Локвенец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи