Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа во Бугарија, телата ќе бидат транспортирани со воен авион до Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Претходно, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, објави дека разговарал со заменик главниот обвинител Борислав Сарафов и бугарската влада и дека е донесена одлука телата да се транспортираат со бугарски авион. Од Меѓународниот аеродром преку државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи