Почнува да се чувствува Божиќ во Менхетен, светна прекрасната најпозната новогодишна елка на Центарот Рокфелер.
Овогодинешното дрво – норвешка смрека, е украсено со 50.000 светилки, а на врвот има блескава ѕвезда од 900 фунти направена со 3 милиони кристали Сваровски.
На свеченоста присуствуваа многу гледачи, за разлика од лани, кога пристапот беше ограничен поради пандемијата на коронавирус. На сцената излегоа музичарите Нора Џонс, Хери Коник Помладиот, Бред Пејсли и Алеша Кара. Настанот одеше во живо на телевизијата „Ен-би-ес“ (NBS).