Шаќири: Буџетот на МИОА за 2022 изнесува 1.323.684.000 денари

Facebook
Twitter
Email
Print


„Предлог-буџет на Министерството за информатичко општество и администрација за 2022 та година изнесува 1.323.684.000 денари, што значи имаме зголемување на некои ставки во буџетот во споредба со минатата година“, рече министерот Јетон Шаќири на денешната прес-конференција.

Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација е поделен на 3 дела:

Првиот, и најголемиот дел од овие средства, односно 900.000.000 денари се одвојуваат за финансирање на Националната радио телевизија, Националната радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Вториот столб во буџетот на МИОА е буџетот на МАРнет кој изнесува 15.254.000 денари. Со одвојување на средства во буџетот, а и како дел од Националниот оперативен бродбенд план, продолжуваме да инвестираме во поврзувањето на Универзитетите и сите останати образовни и истражувачки установи во мрежата на МАРнет, што ќе придонесе кон реализација на целите поврзани со зголемувањето на потребите за користење на бродбенд услуги и нивна промоција како и намалување на дигиталниот јаз.

Од останатиот дел од предлог буџетот за 2022 година, односно третиот столб со буџет од 277.532.000 денари, голем дел од средствата се предвидени за дигитализација на услугите и полесен, побрз, поефикасен пристап до нив за граѓаните и бизнисите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи