ВИДЕО – Масовни кражби на викендиците во прилепско – сопствениците обвинуваат дека институциите не преземале ништо

Криминални групи со години пустошат по викендиците, шталите и трлата во дабничката околина и околу вештачкото езеро кај Прилеп. Последниот ваков инцидент се случил утринава кога била ограбена и запалена шталата на Здравко Мазгалоски. Тој обвинува дека веќе втора година криминалците му го уништуваат имотот, а никој не сакал да преземе ништо, иако сите кражби ги имал пријавено во полиција. Поради тоа што не можел да ја издржи тортурата и уништувањето на имотот пред 20-тина дена ги продал и сите 30 крави.

„ А тие се истите, од ромсково население тие арамиите што се, тие се 5 групи по двајца значи 10 души, ама власта не е моќна тоа да го среди. Дали шуруваат со нив, како прават, што прават тоа е нивни проблем. Апел до власта, ако имаат можност и доблест пред се, бидејќи гледам дека имаат можност, но доблест никаква немаат, нека дојдат нека видат што е работата и ако можат нека преземат нешто, ако не нека се донесе еден закон ние да го откриеме тоа нешто“, вели Здравко Мазгалоски, сопственик на викендица и штала.

И другите сопственици на викендици во околината обвинуваат дека иако пријавувале во полиција никој не преземал ништо. Се крадело секојднeвно, а некои стравуваат и за својот живот.

 „Никој ништо не презема никакви мерки, вчера бевме в полиција, дадовме изјави, ни викаат немаме коли, глупости, не можеме да појдеме да побараме, ако разберете нешто дојдете и кажете ни. Па бараме да се преземи некаква мерка, да се види нешто, значи не е можно вака, ова се градело, пари се вложило во оваа работа.

Се знае ли кои се сторителите?

Од ромската националност, друг никој. Се гледа по трагата од колата дека иделе од долу, истата трага е овде дојдена. Стравуваме за се, за стока за се, и јас лично утре може кај мене да го запалат“, додаде Горан Мојсоски, сопственик на викендица.

Сопствениците на овие објекти велат дека ако институциите не започнеле со некакви реакции ќе започнеле правдата да ја земаат во свои раце.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи