Бектеши најавува замрзнување на цените на брашното, шеќерот, оризот, маслото, а можеби и на месото

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ресорниот министер Крешник Бектеши во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, која ќе се емитува вечерва изјавува дека на следната владина седница ќе побара од владата да се замрзнат цените на основните прехранбени призводи, брашно, шеќер, ориз, маслото за готвење, а можеби и на месото. Одлуката за замрзнување на цените ќе биде донесена најдоцна до вторник.

„Министерството за економија ќе достави предлог-одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи на следната седница на Владата“, велат од Министерството за економија.

Раст на цените има кај речиси сите прехранбени производи, за 15 денари поскапо се продава еден килограм брашно, а за над 10 денари е поскапо млекото.

Некои  од државите во опкружувањето ги замрзнаа цените на храната и производите за лична хигиена, а во Хрватска беа замрзнати и цените на горивата.

Одлуката, која ќе се применува за период од 60 дена, предвидува и производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

За непочитување на наведените одредби предвидени се парични казни во износ од 100 000 до два милиони динари, како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи