ВИДЕО – Мицкоски: Нема ниту морална одговорност за модуларната во Тетово и несреќата вo Бугарија, затоа се потребни промени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Морам да кажам дека добив пораки на згрозување од страна на граѓани кои што со неверување ја проследија најпрво најавата од официјални лица во Владата за ова што денес се случуваше, небаре станува збор за некаков спектакл. Навистина сум разочаран од тоа што и покрај тоа што велеа дека ја научиле поуката и дека ја примиле пораката од граѓаните, тие сепак остануваат длабоко заглавени во нивната политичка матрица и во нивната политичка кал и мојот совет е што побрзо излезат од таму тоа подобро ќе биде и за Македонија и за граѓаните на Македонија без разлика на етничката припадност. Ова денека во Прилеп го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, околу пречекувањето на телата на загинатите граѓани во несреќата во Бугарија.

Вистинското прашање е како дозволивме како општество, како институции, како држава и покрај тоа што ни се случи во тетовската болница и 14 луѓе што живи гореа, да се случи овој немил настан и 45 луѓе трагично да го загубат својот живот само затоа што трулиот систем не функционира. И овој автобус претходно како сме дозволиле како институции 140 пати да ја помине границата без исправни документи. И како се уште некој толерира или дозволува да нема барем морална одговорност за сето ова што се случува. Тоа е жално и затоа се потребни промени, затоа се потребни нови луѓе, луѓе кои ќе излезат од овој срам во кој што ја втурнаа Македонија и затоа се потребни луѓе кои што ќе го напуштат принципот на неказнивост, туку напротив ќе го засилат тој принцип онаму каде што е потребно. Јас навистина уште еднаш ќе кажам сум разочаран со пристапот и со леснотијата со кој овој жален настан, каде наши 45 сограѓани трагично го загубија својот живот му даваат димензија како што не треба да му даваат и навистина жалам што се уште тие луѓе се таму каде што сега одлучуваат за некои политики во Владата и институциите, наместо веднаш да поднесат одговорност и да заминат од политичката сцена“, вели Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи