ВИДЕО – Мицкоски: Одобренијата за градење и јавните набавки најголеми проблеми на бизнисмените во Прилеп во овие 4 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


За време на кампањата преземавме определени обврски и дадовме ветувања дека работите кои што се погрешни и работите кои се спротивни на интересите на бизнис заедницата дека ние како политичка партија, градоначалникот кој во тоа време доколку биде избран, а сега веќе и е избран и е градоначалник, ќе помогнеме да се решат во рамките на процедурите и законот, се разбира. Истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со бизнисмените во Прилеп.

Од она што можевме денеска да го слушнеме е брутална злоупотреба на позициите на определени лица кои се се уште дел од администрацијата овде во Прилеп, посебно во делот на урбанизмот, посебно во делот на одобренијата за градење, легализацијата, нешто што по закон им припаѓа. И покрај тоа што ете постојат реални законски можности, определени луѓе ја злоупотребувале својата позиција од причини кои ним само им се познати и не го почитувале законот. Потоа имаше поплаки во делот на јавните набавки, нешто за што ние како ВМРО ДПМНЕ и новата администрација овде во општина Прилеп треба да преземеме робусни и итни мерки да се надминат овие проблеми и секој прилепчанец да го добие тоа кое што му припаѓа по закон. Не смее да има повластени, сите сме исти, сите ги имаме еднаквите права пред законот и сите ние она што ни следува и сето она што со закон ни припаѓа треба да го имаме. Не треба некој да биде над законот и некој да го злоупотребува законот“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека ги слушнал бизнисмените што било погрешно не само во последниве 4 години туку и претходно.

Така што очекувам во периодот што следи она што денеска го зборувам пред вас и пред граѓаните да го реализираме и веќе на следната средба да зборуваме за развој, да излеземе од оваа минусна точка, да дојдеме до позитивна нула за да можеме потоа да зборуваме за развој на Прилеп, за отворање на повеќе добро платени работни места, повеќе инфраструктурни проекти, поквалитетно образование итн. Очекувам ефектите од овој состанок да веќе до крајот на годината се видат и бидат видливи, ние продолжуваме и понатаму да работиме и со граѓаните ширум Македонија, но и со бизнис секторот“, додаде Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи