ВИДЕО – Мицкоски: Ставрески и Шамбевски бидејќи имаат искуство во извршната власт ќе им помагаат на новите градоначалници

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ставрески и Шамбевски бидејќи  имаат искуство во извршната власт во иднина ќе им помагаат на новите градоначалници доколку им треба некаква помош, рече Христијан Мицкоски, при денешната посета на Прилеп.

Тоа се оперативни позиции кои се дел од телото со кое јас раководам, а тоа е тело за набљудување и мониторинг на реализацијата на проектите од програмата. Имајќи предвид дека имаат искуство во извршната власт во минатото, имајќи предвив дека имаат стручност нивната улога ќе биде професионална, а не политичка. Ќе бидат тука да помагаат на новите градоначалници доколку таа помош е потребна се разбира и јас мислам дека секој оној кој може позитивно да влијае и да даде позитивен исчекор во реализацијата на проектите и за доброто на граѓаните е добредојден“, додаде Мицкоски.

Мицкоски кажа дека тој ја координирал работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ затоа што требало да се испорача се што се ветило на локалните избори.

Јас ја координирам работата на градоначалниците, односно тоа е одлука на извршниот и централниот комитет на партијата, да од време на време имам активни состаноци со градоначалниците, бидејќи партиските тела и јас лично треба да го исполниме тоа што сме го ветувале пред граѓаните, затоа што набргу ќе дојдат нови избори и ќе треба да излеземе пред истите тие граѓани и да ја бараме довербата. Затоа како претседател на најголемата политичка партија имам и легитимитет, а и личен кредибилитет да знам до каде е реализацијата на проектите кои лично сум ги ветувал заедно со градоначалниците кои што беа избрани на овие локални избори“, кажа Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи