Истражување на ДЗС: 73 % од децата од 1 до 14 години биле подложени на насилен метод на дисциплинирање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените покажува дека вкупно 73 % од децата на возраст од 1 до 14 години биле подложени на некој насилен метод на дисциплинирање.

Според податоците од истражувањето, момчињата почесто доживуваат насилно дисциплинирање од девојчињата, додека 4 % од мајките/старателите сметаат дека физичкото казнување е неопходно за правилно воспитување и образование на детето. Овој став е позастапен кај помладите мајки и старатели, како и кај оние од најсиромашниот квинтил.

Според методологијата на истражувањето:

Физичко казнување е: тресење, удирање или плескање по дланка/рака/нога, удирање по задникот или друг дел од телото со тврд предмет, плескање или удирање по задникот со гола рака, удирање или плескање по лицето, главата или ушите, и удирање или тепање силно и постојано.

Тешки форми на казнување се: удари или шлаканици по лицето, главата или ушите,  тепање, односно повеќе повторени удари со цела сила.

Психолошка агресија е: повишување тон, викање или врескање кон детето, како и нарекување на детето со навредливи имиња како „глупаво“ или „мрзеливо“.

Глобалната програма МИКС е развиена од страна на УНИЦЕФ во 90-тите години како меѓународна повеќенаменска програма за анкетирање на домаќинствата за поддршка на земјите во прибирањето на меѓународно споредливи податоци за широк спектар на индикатори за состојбата на децата и жените.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи