На повидок решение за проблемот со крушевската депонија – се најавува изградба на регионални депонии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски присуствуваше на средба со Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалниците од Пелагонискиот и Југозападниот плански регион. Целта на средбата беше информирање на градоначалниците за проектот за изградба на регионални депонии.

„ Со овој проект конечно ќе започне решавањето на проблемот со депонијата во Крушево. Наша обврска е да се екипираме, да обезбедиме возила и инфраструктура за да се олесни имплементацијата. Според проектот Крушево ќе има соодветно место за собирање и обработка на отпадот на регионално ниво без притоа да се загадува нашата општина.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Што се однесува до Крушево, се планира изградба на претоварна станица во која безбедно ќе се складира отпадот. На овој начин ќе се надминат сите проблеми со кои Крушево со години се соочува.

„ Фокусот беше не само на информирањето на градоначалниците за статусот на проектот за кој по изработената студија од ЕБРД е добиен позитивен одговор на барањето од Владата за започнување на постапката за добивање на кредит за изградба на системот, туку и да се слушнат нивните мислења, да се обезбеди поддршака на процесот и да се мобилизираат расположивите ресурси заради поголема ефикаснот во имплементацијата. Градоначалниците изразија подготвеност за соработка, со оглед дека решавањето на проблемот со управување со отпадот е високо поставен во нивните агенди“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи