ВИДЕО- Институтот за старословенска култура од Прилеп доби лабораторија за археометрија – една од ретките во Европа


Институтот за старословенска култура од Прилеп ја доби една од ретките лаборатории за археометрија во Европа. Ова е огромен чекор напред за македонската археологија. Сега со примена на новите методи нема да има простор за интерпретација и истражувањата ќе бидат со висок степен на веродостојност. Станува збор за висока технологија која се применува при истражувања во физиката, хемијата, медицината итн. Археолози сега имаат можност преку релевантни аргументи да докажат како живееле луѓето во минатото, како се хранеле, каква била климата, кои болести ги имале, а со тоа да да се дадат и информации со цел да се избегнат потенцијални несакани последици по современото живеење.

„Може да се анализираат остатоците од масти, липиди, јаглехидрати врз археолошките наоди. Потоа може исто така да се анализираат стабилни изотопи на кислород, на јаголерод, на стронциум. Можеме да ја утврдиме релативно прецизно староста на еден наод од органско потекло. Во таа насока може да се донесуваат заклучоци за климата во минатото, во контекст на растенијата кои егзистирале, во контекст на навиките кои луѓето ги имале во процесот на производтсво на храна, житарци и слично“, истакна д-р Христијан Талевски, научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Институтот добил и 3 годишен проект за истражување на средновековните населби во Пелагонија, Мариово и Порече. Лабораторијата и тука ќе помогне за објективизација на фактите и македонските истражувачи, нивните дела и пронајдоци да бидат прифатени со голема сериозност на светско ниво.

„Во проучувањето на етногенезата на македонскиот народ треба да се излези од рамките на редуцирање само на историските, пишаните документи и јазикот. Материјалната култура го овозможува токму оној сегмет, кој нам како етногенеза ни е битен, народната култура. Поради тоа што официјалната култура, опредметена во пишаните документи или во јазикот ја илустрира политичката ситуација во одреден период. За сметка на тоа народната култура, преку истражувањата на археологијата, историјата на уметноста и етнологијата овозможува нови аргументи за објаснување на нашите процеси“, додаде д-р Бранислав Ристески, директор на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Овој проект ќе финализира со публикација за истражувањето во овие 3 региони, а лабораторијата својата акредитација ќе ја добуие в година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи