Голем работнички протест на 12ти декември во 12:12 часот

Facebook
Twitter
Email
Print


Најавено е дека работниците на 12-ти декември излегуваат на протест, а потоа можен е и генерален штрајк. Од ССМ велат дека поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на државните институции за нивните поднесени барања, тие на протестот ќе побараат исполнување на следниве барања:

  • Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог;
  • Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60% од просечната плата, односно истата да се зголеми најмалку на 18.000 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата;
  • Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор;
  • Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

„Во недела ќе направиме протест за време на неработно време, но во меѓувреме се прават и штрајкувачки одбори и ќе повикаме потоа на штрајк, бидејќи штрајк значи изразување на незадоволството на работникот за време на работното време со прекинување на работниот процес. Тоа ќе го направиме доколку пак немаат слух пратениците за се ова што го бараме. Тогаш ќе стапиме во штрајк при што ќе ги организираме сите претрпијатија и фабрики да запрат со работниот процес“, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Протестот ќе започне пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Македонија, каде што ќе бидат упатени барањата на работниците, а потоа ќе продолжи кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија, каде исто така ќе бидат упатени барањата од протестот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи