Куќата во која е снимен „Сам дома“ се издава за една ноќ


Airbnb ќе им овозможи на четворица среќници да ноќеваат во куќата во која е снимен еден од најпознатите празнични филмови, семејната комедија „Сам дома“.

Еден среќен изнајмувач и тројца негови пријатели ќе добијат шанса да останат во познатата семејна куќа на семејството Мекалистер само една ноќ – на 12 декември – во пресрет на Божиќ.

Овој прекрасен дом во филмот се наоѓа во Чикаго, Америка.  Гостите ќе можат да уживаат во ноќта со игри и брза храна од 1990-тите заедно со Баз, братот на Кевин Мекалистер, кој во филмот го игра Девин Ретрај.

Исто така, гостите ќе можат да го гледаат филмот „Сам во куќата“ во уникатна средина, како и најновиот филм од познатата франшиза Home Sweet Home Alone.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи