Цените на храната во светот највисоки во последните 10 години

Facebook
Twitter
Email
Print


Цените на храната на светските берзи се зголемија во ноември, четврти месец по ред и остануваат на највисоко ниво во последните 10 години, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Причина за продолжувањето на поскапувањето е зголемената побарувачка на пченица и млечни производи. Цените на земјоделските производи драстично пораснаа во последната година поради зголемената побарувачка и недоволниот род.

Најмногу минатиот месец пораснале цените на млекото и млечните производи, 3,4 отсто во однос на октомври, поттикнати од силната увозна побарувачка за путер и млеко во прав.

Силно пораснале и цените на житарките, 3,1 отсто во однос на октомври, односно 23,2 отсто во однос на минатогодишниот ноември.

Во однос на минатогодишниот ноември, цените на шеќерот се повисоки за околу 40 отсто.

Цените на растителните масла се речиси непроменети во однос на октомври, додека цените на месото паднале за 0,9 отсто во однос на претходниот месец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи