25 оздравени и 16 новозаразени од ковид-19 во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во последните 24 часа регистрирани се нови 342 случаи на КОВИД-19, од направени 2.349 тестирања.

Оздравени се 348 пациенти, а починале 7 лица, информира  Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи, во Скопје се 135, Битола 35, Велес 17, Прилеп, Кавадарци и Берово 16, Охрид 15, Куманово 13, Струмица 10, Штип 9, Кочани и Гевгелија по 8, Свети Николе и Ресен по 6, Радовиш и Валандово по 5, Делчево 4, Гостивар, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово по 2, Тетово, Струга, Виница, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран по 1.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје 141, Битола 33, Прилеп 25, Кавадарци 21, Велес 18, Кочани 14, Ресен и Валандово по 10, Гевгелија и Делчево по 8, Штип 7, Берово, Крива Паланка и Демир Хисар по 6, Струмица и Свети Николе по 5,  Радовиш, Неготино и Тетово по 4, Пехчево 3, Охрид и Пробиштип по 2, Гостивар, Кичево, Кратово, Виница, Богданци и Македонска Каменица по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 74г и 79г) и по 2 починати лица од Битола (65г и 87г) и Охрид (65г и 77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.478.883 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.670, бројот на оздравени пациенти е 201.017, на починати е 7.616, а бројот на активни случаи изнесува 8.037.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи