Руралното женско лоби – дел од климатската акција за климатски промени во земјоделството

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


За да може климатската транзиција да биде можна, сите мора да учествуваат, а за секој да има волја и можност да учествува, транзицијата мора да биде фер. Затоа меѓународната акција за животна средина и климатски промени мора да содржи родова перспектива. Поголем опсег во климатските обврски на земјите мора да се даде, заедно со човековите права, и на родовата еднаквост. Ова беа дел од заклучоците изнесени на Глобалниот самит за климатски промени кој што се одржа од 31 октомври до 13 ноември 2021 година во Глазгов, а кон кои што се приклучи и Рурална Коалиција како и Руралното Женско Лоби, а во рамките на кампањата Климатска акција за климатски промени во земјоделството.

Пораката на Живка Ѓурчиноска како претседателка на Рурална Коалиција и локалното здружение Моја Фарма од Гостивар е дека многу треба да се внимава на родот кога се во прашање климатските промени затоа што жените се двојно повеќе погодени од мажите, па вели: “Ние ја носиме водата до домовите особено во летните периоди кога нема доволно вода, ние се грижиме за животните во фармите, ние сме тие кои што економски губиме или добиваме во зависност од годината и сезоната на берба на земјоделските производи, па затоа е многу важно да сме дел и од процесите на креирање на политики и донесување на одлуки на локално ниво поврзани со ублажување на ефектите од климатските промени“

 

 

 

Од друга страна, пак, Славица Јаневска од селото Тумчевиште порачува дека градоначалниците и локалните власти треба да бидат многу почесто присутни во руралните средини, да разговараат особено со жените за предизвиците со кои што се соочуваат особено кога станува збор за промената на климата, но и да ги вклучуваат нашите предлози во годишните програми за работа, како и стратегиите кои што општините ги прават за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, па така според неа секоја општина треба да си има и своја локална стратегија и патоказ како ќе се справува со последиците од климатските промени и се помалите количини на вода, чиста почва, чист воздух…“

Жените сочинуваат околу 43 проценти од земјоделската работна сила во земјите во развој. Според ООН, кога им се обезбедува ист пристап до ресурсите како на мажите, жените можат да ги зголемат земјоделските приноси за 20 до 30 проценти, не само зголемувајќи го вкупното земјоделско производство во овие земји за 2.5 до 4 проценти туку исто така придонесувајќи за намалување на гладот во светот за 12 или 17 проценти. Ова може позитивно да влијае на адаптацијата на климатаските промени на два начина – соодветна технологија или ресурси придонесуваат за поодржливо земјоделство и зачувување, додека намалувањето на сиромаштијата им овозможува на поединците подобро да се прилагодат на промените во однос на климата.

 

Инвестирањето во жени и девојки создава широки ефекти кои се чувствуваат низ заедниците и во земјите. Жените се од витално значење за градење на климатска отпорност во заедниците. Колку повеќе се жените вклучени во процесите толку заедниците се подобри во стратегиите за отпорност и градење капацитети бидејќи жените имаат тенденција да споделуваат информации за благосостојбата на заедницата што е важно за отпорноста и се поподготвени да се прилагодат на промените во животната средина бидејќи тие влијаат на нивните семејства.

Жените обично први реагираат во заедницата при природни катастрофи, тие се лидери во намалувањето на ризик од катастрофи и во периодот после несреќите ги решаваат потребите за брзо закрепнување на нивните семејства и го зајакнуваат градењето на заедницата, напоменува Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција, сметајќи дека заклучоците од Глобалниот саем #COP26 треба да ги преведеме во локален контекст и што поскоро да ги имплементираме како одговор на климатските промени.

 

Кампањата „Климатска акција за климатски промени во земјоделството“ е финансиски поддржана од Фондација Отворено Општество – Македонија, додека пак годишниот план за работа на Коалицијата е поддржан со институционален грант во програмата на Цивика Мобилитас.

Автор : Рурална Коалиција

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи