Преспанскиот Херој заминува на својата втора операција благодарение на тиктокерите Моме Кинг и Беговата Армија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сите знаеме кој е Преспански Херој – Васил Јанкула од Ресен, кој извози 800км во рок од 1 недела низ Македонија, со цел да докаже дека сите сме исти, дека лицата со попреченост се еднакви како и сите останати иако се ПОСЕБНИ.

Преспански Херој утре, 06.12.2021, заминува на втора операција во Србија благодарение на неговите другари што ги запозна преку тикток – Моме Кинг и Беговата Армија, кои му ја обезбедија цела сума за операцијата што треба да се направи.

Неговата сума за операција беше собрана во рок од 5 минути на тикток. Исто така Моме кинг со Беговата Армија обезбедија финансиски средства за уште една операција, за дете кое треба да се оперира во Турција.

Преспански Херој е многу среќен што се уште постојат луѓе како Моме Кинг и Беговата Армија затоа што во денешно време, без разлика на пандемијава, тешко се собираат средства,

Голема благодарност до Моме Кинг и Беговата Армија кој, се секогаш тука за помош. Оваа е веке втора донација на Моме Кинг и Беговата Армија.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи